Се додека го хостирате вашиот сајт на наши сервери немате потреба да стравувате дали вашиот сајт ќе биде хакнат или на било кој друг начин оштетен. За сите вебсајтови изработени и хостирани на наши сервери, тимот на ДЕКОДИЗАЈН нуди редовен back up на целокупната интернет презентација со најсофистицирани системи.
Доколку погорниве пакети не ги задоволуваат вашите потреби за интернет презентација, пратете ги по меил сите ваши материјали што би сакале да бидат вклучени во вашиот иден вебсајт а ние ќе ви изготвиме понуда во најкус можен временски период.
Често се случува некои од нашите поранешни клиенти да ги помешаат поимите изработка на вебсајт и одржување на истиот. Да напоменеме дека одржувањето вебсајт е сосема различен производ од изработка на вебсајт. Годишното одржување на вашиот вебсајт, од страна на тимот на ДЕКОДИЗАЈН е вклучено само во Премиум пакетот. За да биде вклучено одржување на останатите пакети посебно се доплаќа.
Лектура и форматирање на текст не е вклучена ва ниту еден пакет и за истата се наплатува посебно. Електронски ни го доставувате вашиот текст лектуриран и форматиран во финална форма. Доколку ни испратите текст на кирилица, потребно е истиот да биде напишан на кирилица во било кој програм за едитирање на текст (word, wordpad итн.).
Во цените на пактите не се вклучени потребните трошоци за излегувања на терен за превземање на материјал (текст, слики), нарачателот е обврзан материјалот да го испорача електронски по меил.
Доколку не изберете нас за креирање на вашиот нов вебсајт, ние ќе ви изработиме оргинален и атактивен дизајн усогласен со вашиот визуелен идентитет и логотип.
Доколку немате потреба од освежување на вашиот сајт (додавање и одземање на содржини) со никаков договор не сте обврзани да плаќате месечни или годишни дополнителни трошоци.
Потребно е подмирување на годишноте трошоци за хостинг и домен. Нашите хостинг услуги се евтини, можеби и најевтини во нашава држава почнувајќи од 1000 денари, за една цела година.